100% Природен сок од калинка 6×1л

6×1л

100% Природен сок од калинка 6×1л

1,600.00 ден

Без шеќери, цеден.
Најсилен антиоксиданс од сите овошја.
Моќно и ценето овошје.

Ладно цеден сок од високо квалитетни сорти на калинка, 15 валандовски калинки за 1 литар сок. Сокот од калинка е добиен со ладно цедење од зрната на внимателно одбрани сорти на валандовски калинки,во сооднос кој дава уникатен слатко-киселкаст вкус. Калинката е многу моќно и ценето овошје, одлично за срцето и крвните садови, а се верува дека има најсилни антиоксиданси од сите овошја.

• 100% природен, без додаток на шеќери и вода.
• Без Конзерванси.
• Без вештачки бои и ароми.
• Богат со антиоксиданси.

Kатегории:

Опис

Моќен антиоксиданс
Семките од калинката ја добиваат својата живописна црвена нијанса од полифенолите. Овие хемикалии се моќни антиоксиданти. Сокот од калинка содржи поголемо ниво на антиоксиданси од повеќето други овошни сокови. Исто така, има три пати повеќе антиоксиданси од црвеното вино и зелениот чај. Антиоксидансите во сокот од калинката можат да помогнат во отстранување на слободните радикали, заштита на клетките од оштетување и намалување на воспалението.

Висока концентрација на витамин Ц
Сокот од една калинка има повеќе од 40% од дневните потреби од витамин Ц. Витаминот Ц, е неопходен за раст, развој и заздравување на сите телесни ткива. Вклучен е во многу телесни функции, вклучително и формирање на колаген, апсорпција на железо, имунолошки систем, заздравување на раните како и одржување на коските и забите. Витаминот Ц може да се разложи кога ќе се пастеризира, затоа одлучете се за природен свеж сок од калинка за да добиете најмногу хранилви материи.

Анти-вирусно дејство
Помеѓу витаминот Ц и другите хранливи состојки кои го зголемуваат имунитетот, како витамин Е, сокот од калинка може да спречи болести и да се бори против инфекцијата. Исто така, се покажа дека калинките се антибактериски и антивирусни во лабораториски тестови.

Превенција од рак
Неодамна истражувачите откриле дека сокот од калинка може да помогне да се запре растот на клеткитена ракот на простата. Досегашните студии докажуваат дека сокот одкалинка може да го спречи и намали ризикот од рак. Додавањето на сокот од калинка во вашата диета сигурно го зајакнува вашето здравје.

Заштита од Алцхајмерова болест
Се верува дека антиоксидансите во сокот и нивната висока концентрација го спречуваат напредокот на Алцхајмерова болест и ја штитат меморијата.

Артритис
Флавонолите во сокот од калинка може да помогнат во блокирање на воспалението што придонесува за остеоартритис и оштетување на `рскавицата. Сокот во моментов се изулува за неговите потенцијални ефекти врз остеопорозата, ревматоидниот артритис и други видови на артритис и воспаление на зглобовите.

Помага при варење
Сокот од калинка може да го намали воспалението во цревата и да го подобри варењето на храната. Може да биде корисно за луѓето со Кронова болест,улцеративен колитис и други воспалителни болести на цревата.

Ја подобрува меморијата
Пиењето 200 мл. Сок од калинка дневно може да го подобри учењето и помнењето,според неодамнешните истражувања.

Издржливост и спортски перформанси
Сокот од калинка може да биде новиот подобрувач на спортските перформанси. Соко може да помогне да се намали болката и да се подобри обновувањето на силата. Исто така, го намалува оксидативното оштетување предизвикано од вежбање.

Анализите за сокот, како и неговите својства ги прават во Турција, во една од најдобрите лаборатории.

Дополнителни информации

Бренди

Kuvet

Само што го додадовте овој производ во кошничката: